Skip to main content

Социјална платформа

Илон Маск го замрзна купувањето на Твитер

Привремено е сопрено преземањето на „Твитер“, ова го кажа Илон Маск, кој во април го најави купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.
 |  инфодеск  | 
Илон Маск

Милијардерот Илон Маск изјави дека неговото преземање на „Твитер“ привремено е паузирано. Објасни и зошто.

Договорот за преземање на Твитер привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците – рече Маск.

За потсетување, на крајот на април, Маск објави купување на „Твитер“ за 44 милијарди долари. По тој повод се огласија и од Твитер.

Твитер потврдува дека постигнат е дефинитивен договор за купување. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По завршувањето на трансакцијата, Твитер ќе стане приватна компанија – соопштиja oд платформата.

„Акционерите на Твитер, во согласност со постигнатиот договор, ќе добијат 52,20 долари за секоја акција на ‘Твитер’ што ја поседуваат во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е за 38 отсто повисока од берзанската цена на акциите на Твитер на 1 април 2022 година, последниот трговски ден пред г-дин Маск да објави дека купил удел од околу 9 проценти на Твитер“, додаваат од компанијата.

Маск ќе стане сопственик на платформа што ја смета за јавно дигитално место за дискусија за витално важни содржини за човештвото.

Слободата на говорот е основа на демократијата – рече Маск.