Skip to main content

Платформа за микроблогирање

Илон Маск купи 9,2 отсто од Твитер

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа „Твитер“, се вели во соопштението на Американската комисија за хартии од вредност (SEC).
 |  инфодеск  | 
Илон Маск

Милијардерот Илон Маск презеде дел во Твитер за речиси 3 милијарди долари и стана најголемиот акционер на популарната платформа за микроблогирање.

Најбогатиот човек на светот, кој има склоност кон ексцентрично однесување кое често вклучува објави на Твитер, се стекна со 9,2 отсто од акциите на Твитер, според поднесоците до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC).

Шефот на „Тесла“ и „Спејс икс“, кој со повеќе од 80 милиони следбеници е рангиран во првите 10 најпопуларни корисници на Твитер на глобално ниво, плати 2,89 милијарди долари за уделот по затворената цена на акцијата на „Твитер“ во петокот.

Акциите на страницата за микроблогирање пораснаа за дури 26 отсто во претпазарното тргување по ваквите вести, додавајќи повеќе од 8 милијарди долари на пазарната вредност од 31,5 милијарди долари пред да се објави интересот на Маск. По скокот на цената на акциите, уделот на Маск сега вреди околу 3,6 милијарди долари.

Маск, кој само минатата недела рече дека „сериозно размислува“ за изградба на сопствена платформа за социјални медиуми, сега има удел од над четири пати повеќе од оној на ко-основачот на Твитер Џек Дорси од 2,25 отсто.

Аналитичарите веруваат дека уделот на Маск, кој беше силно критичен кон Твитер, веројатно ќе резултира со негово активно интересирање за страницата за микроблогирање што може да доведе до откуп.