Инаугурација на Барак Обама
Барак Обама денеска ќе положи заклетва како 44. претседател на САД и се очекува да сврти нов лист во историјата на државата.
| Крсте Голабовски | Свет
Барак Обама
Барак Обама денеска ќе положи заклетва како 44. претседател на САД и се очекува да сврти нов лист во историјата на државата.
На инаугурацијата на Обама, според проценките ќе присуствуваат околу два милиони луѓе, под многу силни мерки за безбедност.
Обама, заклетвата ќе ја положи на Библијата, која што во 1861 година за време на инаугурацијата ја држел Абрахам Линколн. Церемонијата на инаугурација ќе почне во 10.00 часот по локално или 16.00 часот по средноевропско време, пред зградата на Конгресот со звуците на оркестарот на американската морнарица.
Заклетва прво ќе положи новиот потпретседател на САД, Џозеф Бајден, а потоа, точно напладне и новиот претседател, Обама.
По инаугурацискиот говор следува благословот и испраќањето на досегашниот претседател, Џорџ Буш. Обама потоа ќе замине на традиционалниот ручек со членовите на Конгресот на Капитол хил, од каде со поворка ќе отиде до Белата куќа и од специјални трибини ќе ја следи парадата.
До крајот на денот, ќе се одржат повеќе балови, а новиот претседател на САД в среда на 21. јануари ќе присуствува на служба во Националната катедрала во Вашингтон.
Аналитичарите оценуваат дека 47 годишниот Обама е „остварување на сонот“ на двајцата американски херои, борци за човекови права, Мартин Лутер Кинг и поранешниот американски претседател Џон Кенеди, со кој често го споредуваат поради харизмата и младоста, како и заради надежта за промени што се навестуваат.
Самиот Обама изјави дека сака да ги следи нивните идеи и да биде „претседател на помирување“ и претседател на „американскиот сон“.
Новиот претседател на САД ќе влезе во Белата куќа со бран оптимизам од американските граѓани, кои се уверени дека токму тој може да реши многу проблеми – од економската криза, преку војната во Ирак до реформите за здравствениот систем.
Според најновите анкети, 79 отсто од Американците со оптимизам гледаат на претстојните четири години под власта на Обама или имаат позитивно мислење за него. Тоа е значително повеќе од довербата, што на почетокот од мандатот им беше укажувана на претходните претседатели на САД.
Во анкета на СиЕнЕн, на пример, 68 од испитаниците изјавиле дека се лично „возбудени или среќни“ што Обама ќе биде инаугуриран како претседател, а 86 отсто од анкетираните очекуваат „добар или одличен“ инаугурациски говор.
Истовремено девет од 10 Американци од африканско потекло рекле дека изборот на Обама за претседател е „остварување на нивниот сон“.

{loadposition content9}