Инцидент на авион на Бритиш Eрвејс во Јоханесбург
Авион на Бритиш Аервејс со 185 патници и 17 членови на екипажот доцна синоќа при полетување од аеродромот во Јоханесбург за Лондон удри со десното крило во една зграда, при што четири лица се здобија со повреди, соопштија властите во ЈАР.

Портпаролот на Јужноафриканската агенција за цуивилна авијација Финдиве Гвебу изјави дека боингот 747 – 400 за полетување користел писта која за тој тип авиони е премногу тесна.
– Поради тоа авионот со десното крило удри во деловната зграда на аеродромот. Од контролната кула пилотот го упатиле на една писта, а тој тргнал на друга, погрешна писта – изјави Гвебу.
Повредени се четири лица во зградата, додека 202 патници во авионот на Бритиш Ервејс поминале без повреди. На фотогртафијата која ја снимил еден од патниците може да се види како огромното крило ја пробило зградата до една четвртина од нејзината должина.
{loadposition content9}