Инцидент, од релативно нискиот прв степен, регистриран во нуклеарна централа во Франција
Истекување на плутониум, класифицирано како инцидент од релативно низок прв степен, е регистрирано во заштитена зона во фабриката за преработување на нукларно гориво во Ла Аг, во западна Франција, соопшти денеска енергетската компанија „Арева“.
Инцидентот, како што се наведува во соопштението на компанијата, нема последици по здравјето на вработените и животната средина.
Француската Агенција за нуклеарна безбедност го класифицираше истекувањето, кое се случи на 24 септември, како инцидент од прв степен според осумстепената скала (од 0 до 7) за нуклеарни хаварии.
Ова е четврт инцидент од прв степен регистриран во фабриката од почетокот на годината.
Неколку хаварии беа регистрирани во Франција изминатите месеци, од кои четири во нуклеарната централа „Трикастен“, во југоисточниот дел на земјата. Сто работници од фабриката беа лесно заразени со радиоактивен прав.
Нуклеарната енергија во Франција покрива 80 проценти од потребите за струја.
Агенцијата за нуклеарна безбедност од 2007 година регистрирала 86 инцидети од прв степен.