Skip to main content

Во Индија поддржан законот кој ја криминализира хомосексуалната популација

Врховниот суд на Индија го поддржа законот кој ја криминализира хомосексуалната популација. Врховниот суд ја поништи мерката на Вишиот суд во Њу Делхи, со кој во 2009 година се декриминализира хомосексуалноста.

 |  Голабовски Крсте  | 
лого
logo

Врховниот суд на Индија го поддржа законот кој ја криминализира хомосексуалната популација. Врховниот суд ја поништи мерката на Вишиот суд во Њу Делхи, со кој во 2009 година се декриминализира хомосексуалноста. Судот посочи оти сега останува на Парламентот да одлучи.

paradaСпоред членот 377 од 148-годишниот колонијален закон, истополовата врска е „неприроден прекршок“ и казната за тоа е десет години затвор.

Неколку политички и религиозни здруженија упатија петиција до Врховниот суд со барање стариот закон повторно да биде прогласен за важечки, по судската одлука од 2009 година.

Активистите кои се борат за правата на хомосексуалната популација изјавија дека одлуката на Врховниот суд е разочарувачка и оти ќе се борат повторно да се разгледа одлуката.

{loadposition content9}