Skip to main content

Во Индија, смртна казна за силувачите

Индискиот претседател Пранаб Мукерџи одоби построги казни за силување, вклучувајќи ја и смртната казна, бидејќи последниот случај на групно силување на студентката која почина од повредите, предизвика гнев кај јавноста.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti
протести

Индискиот претседател Пранаб Мукерџи одоби построги казни за силување, вклучувајќи ја и смртната казна, бидејќи последниот случај на групно силување на студентката која почина од повредите, предизвика гнев кај јавноста.

protestiПретседателот го одобри предлогот на владата, која пред два дена предложи измени во законот за да се подобри сигурноста на жената.

– Индискиот претседател ги одобри измените на законот, против злоставување на жените. Тој веднаш стапува на сила, но ќе биде поднесе и на усвојување од парламентот, изјавија од кабинетот на претседателот.
Со овие измени, минималната казна за групно силување, силување на малолетници како и силување кое ќе го направи полицаец или друга личност со јавна функција, ќе биде зголемена од 10 на 20 години, а може да биде продолжена и на доживотен затвор без можност за намалување.
Според досегашниот закон, казната за силување беше од 7 до 10 години затвор.

Борците за правата на жените се незадоволни, бидејќи сметаат дека новиот закон не е доволно строг за насилството врз жените. Тие ја критикуваат владата што не го изнела нацрт предлогот на јавна расправа.

{loadposition content9}