Skip to main content

Instagram нуди можност за заработка

Заработката на социјалните мрежи не е резервирана само за актери, пејачи, спортисти и други познати лица

 |  инфодеск  | 

Социјалните мрежи овозможуваат еден потполно нов начин на заработка за познатите лица кои секоја своја објава на Twitter или Instagram можат добро да ја наплатат. Со оглед на тоа дека некои имаат милиони пријатели, објавата во која споменуваат некој спонзор или носат брендирана облека, користат паметен телефон, таблет или слично, може да го видат голем број на луѓе, а тие можат да заработат десетици илијади долари.

Но, заработката на социјалните мрежи не е резервирана само за актери, пејачи, спортисти и други познати лица, туку на нив можат да заработат и обичните корисници. Тоа е највидливо на YouTube на кој довчерашни анонимци станаа големи ѕвезди заработувајќи милиони долари годишно, а некои направија и кариери на Instagram.

Спрема DailyMail, добри суми на пари можат да заработат корисниците кои имаат повеќе од 1000 пријатели на оваа мрежа и во годината да заработат повеќе од 4 илјади фунти. Корисниците можат да се поврзат со брендовите по пат на посебна апликација како на пример Takumi и во зависност од бројот на пријатели, брендовите можат да платат помеѓу 40 и дури 2.000 фунти за објава на фотографија на која ќе се наоѓа нивниот производ. Што е бројот на пријатели поголем толку е и заработката поголема па така оние со бројка поголема од 10.000 годишно можат да заработат околу 15.600 фунти што е цифра со која на многумина нема да им е потребна друга работа, туку во потполност можат да му се посветат на Instagram, односно на објавите на оваа мрежа и зголемувањето на бројот на пријатели.

Анализата на десет популарни профили на Instagram покажала некои трендови помеѓу корисниците со најголем број на пријатели и формулата за успех била следна: профилот мора да го води женски пол помеѓу 19 и 29 години која живее во урбана околина и чија содржина е фокусирана на храна, мода или фитнес.