Една од фрустрирачките работи кај Instagram беше неможноста за уредување на описот на сликите. На пример, ако сте направиле грешка, и сте ја објавиле сликата, единствен начин за да ја исправите беше да ја избришете сликата и повторно да напишете опис. Секако, тоа ретко кој сака да го прави, но со новата надоградба тој проблем е решен, па така ќе можете да го уредувате описот на вашите слики, да додадете по некој “хаштаг” кој сте заборавиле да го ставите или да додадете уште текст.
“Ова беше најбарана функција кои нѝ ја бараше нашата заедница и конечно ја додадовме оваа функција”, истакнале на својот блог.
Доколку сакате да го едитирате описот на сликата, сѐ што требате да направите е да кликнете на (…) во долниот десен агол, а потоа на “Edit”.
Освен оваа можност, сега пребарувањето е побрзо, па апликацијата сама ќе препознае што сакате да пишувате, а и пребарувањето на нови пријатели отсега ќе биде полесно по пат на табот “People” на функцијата Explore.
За крај, пристигнаа нови икончиња за Explore и Profile, а додадени се и неколку нови дизајнерски надоградби.
{loadposition content9}