Имено, од сега во неколку земји Facebook не инсистира од корисниците кои сакаат да користат messenger истовремено да мораат да имаат профил на најголемата социјална мрежа во светот.
На корисниците од сега ќе им се прикаже ново прозорче “Not On Facebook” со чија помош ќе може да се регистрираат корисниците само со својот број на телефон. Кога еднаш ќе се отвори сметка на Messenger, корисниците ќе можат да пребаруваат на Facebook, и да контактираат луѓе кои немаат нужно оставено број на телефон.
Овој потег на Facebook е во борбата против СМС-ите, кои сеуште се држат, но веќе се разнишани. Со оглед на тоа дека Messenger бележи 700 милиони активни корисници месечно, јасно е дека Facebook сака многу повеќе и затоа ја нудат оваа опција за корисниците кои немаат Facebook профил, ниту сакаат да имаат или едноставно го напуштиле, а сакаат на некој начин да останат во контакт со пријателите и роднините.
Ова е всушност решение како да се отргнете од пренатрупаниот ѕид, полн со известувања кои заморуваат, а воедно да се остане во контакт со луѓето. Секако дека ова е мудар потег на Facebook во зголемувањето на бројот на корисници