Heineken на 15 февруари оваа година прослави 150 години од своето постоење, а богатата историја ја доведе оваа компанија на третото место во светот по производство на пиво.
Прочитајте неколку занимливости за Heineken кои можеби не сте ги знаеле:
–150 години на пазарот – Gerard Adriaan Heineken на 15 февруари 1864 година ја купил пиварницата Haystack и тој ден е забележан како роденден во богатата историја на Heineken.
–Таен рецепт – Единствени состојки кои се користат за производство на Heineken се вода, сладок јачмен и хмељ, но рецептот до ден денешен останал строго чувана тајна.
–Производство во многу земји – Пивото Heineken се произведува во 140 пиварници во дури 71 земја ширум светот.
–Куќа од празни шишиња – Во 1963 година Freddy Heineken дошол до идеја од празни шишиња да направи куќа. За проектот му биле потребни повеќе од сто илјади шишиња, а дел од оваа куќа е сочуван и денес.
–Пивска бочва – Мајсторите од Heineken поминале 6 години, 2 месеца, 10 дена и 6 часа за да произведат “Draughtkeg”-мала специјална пивска бочва која може да се користи за дома.
–Интерактивна пиварница – Поранешната пиварница во Амстердам е претворена во интерактивна, па така посетителите можат да бидат едуцирани, но и да пробаат по некоја чаша пиво.
–Калории – Шише Heineken од 3dl содржи нешто повеќе од 150 калории.
–Пиварски џин – Heineken моментално е трета пиварница во светот, а прва во Европа.
–Горди на златото – Heineken на секоја своја амбалажа гордо го истакнува златниот медал кој го освоиле на изложбата во Париз во 1889 година.
{loadposition content9}