Интригантна приказна и врвен режисер кој знае да направи врвен филм
Почнува снимање на филмот за Edward Snowden

Екранизацијата на приказната за еден од најпознатите шпијуни на денешницата ќе го одработи легендарниот Oliver Stone, добитник на Оскар за режија на филмовите Платон и Роден на 4 јули, а снимањето ќе започне во февруари во Минхен.
Edward Snowden ќе остане, несомнено, запаметен како човек кој го смени разбирањето на приватноста и ги отвори очите на многумина. Екс вработениот во Американската агенција за национална безбедност (NSA) понуди докази за масовно прислушкување и следење на сите и секаде, со што изби на површина огромна афера. Snowden на почетокот на минатата година во јавноста пушти илјадници строго доверливи документи кои докажуваат како NSA шпијунирала илјадници обични граѓани, но и многу светски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел, која многумина ја нарекуваат најмоќна жена во светот. По аферата, Snowden пребега во Русија кои на 1 август 2013 година му одобрија политички азил.
Нема сомнежи дека ова е добра подлога за филмска приказна, а Edward Snowden на филмското платно ќе го глуми 33 годишниот американски актер Joseph Gordon-Levitt. Иако млад овој актер и режисер неодамна го режирал и глумел во филмот Don Jon, а позапазени улоги отстварил во филмовите Lincoln и Inception. Сепак ова му е прилика да го зацрта патот меѓу ѕвездите бидејќи филмот кој почнува да се снима е под режисерската палка на големиот Oliver Stone.
Сите услови се исполнети, интригантна приказна и врвен режисер кој знае да направи врвен филм.
Сценариото се темели на две книги за Edward Snowden, “The Snowden Files: The Inside Story of the World’s Most Wanted Man” на Luke Harden и “Time of the Octopus” на Anatoly Kucheren. Продуцентот Moritz Borman објавил дека филмот ќе се снима во копродукцијата Open Road и Endgame филмските компании, објаснувајќи дека тој избор е поради потребата филмот да се снима во независна продукција, елиминирајќи било какви политички притисоци.
Засега нема информации колку ќе трае снимањето и кога ќе се појави филмот во кино салите.
{loadposition content9}




