Skip to main content

Инвазија на џиновски полжави во Мајами

Жителите на Мајами мака мачат со џиновски полжави кои го запоседнале  југозападниот крај на градот на Флорида. Од почетокот на „лигавата“ инвазија инспекторите на министерството за земјоделие собрале 35000 примероци од овие полжави со потекло од Африка кои достигнуваат должина до 25 см.

 |   | 
polzav
џиновски полжав Мајами

Се зборува дека за прв пат во 1966 год. три примероци биле донесени во САД како домашни миленици.Од нив настанало семејство од 18 000 единки за чие уништување на тогашните власти им биле потребни 9 месеци и милион долари.

Никој точно не знае како овој вид доспел во Мајами и успеал да се намножи во толкави размери. Властите се загрижени затоа што овие полжави можат да бидат и опасни бидејќи нивната слуз содржи црви кои пренесуваат еден вид на менингитис.



{loadposition content9}