Skip to main content

Напад во германија

Иранец со нож прободил најмалку пет лица

Маж со иранско потекло на возраст од 31-на година, со нож повредил најмалку пет луѓе во Германија. Повредените не се во животна опасност.
 |  инфодеск  | 
Напад Германија

Најмалку пет лица се повредени во регионален воз во Германија откако маж со иранско потекло ги нападнал со нож, соопштија властите.

Министерот за внатрешни работи на регионот Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл изјави дека 31-годишниот напаѓач е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година, но дека мотивот за нападот сеуште не е утврден.

Четворица од повредените се пренесени во болница поради повреди на рацете, лицето и главата, додека едно лице е прободено со нож во стомакот. Ниту еден од нив не е во животна опаснот, објави АП. Повреден е и напаѓачот кој е пренесен на клиниката.

Германската новинска агенција ДПА ги цитира обвинителите во Ахен дека сеуште немаат цврсти докази дека нападот бил мотивиран од исламизам, пренесуваат медиумите.