Протест
Исчезна руската новинарка која протестираше среде емисија
Руската новинарка Марина Овсијаникова, која упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, за да протестира против војната во Украина е пријавена за исчезната во текот на ноќта, пишува Би-Би-Си.
Руската новинарка Марина Овсијаникова, која упадна во програма во живо на руската телевизија „Прв канал“, за да протестира против војната во Украина е пријавена за исчезната во текот на ноќта, пишува Би-Би-Си.Овсијаникова, уредничка на „Прв канал“, кој е под државна контрола, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак.Знакот, јасно видлив на неколку секунди, гласеше: „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“. Сега не се знае каде се наоѓа уредничката.Адвокатот на г-ѓа Овсијаникова, Павел Чиков, објави на Твитер дека не може да го најде својот клиент.
Марина Овсијаникова сè уште не е пронајдена. Таа е во затвор повеќе од 12 часа – рече тој во вторникот наутро.Тој вели дека првичната полициска истрага „не дава основа за притвор и затвор“.Полицијата ја уапси поради новиот закон со кој се забранува воената акција на Русија во Украина да се нарекува „инвазија“ или ширење „лажни вести“ за конфликтот.