Skip to main content

ИСИС тренирал најмалку 400 лица за напади во Европа

Џихадистите се тренирани во упориштето на Исламска држава, а сега се во Европа

 |  инфодеск  | 

Спрема пишувањето на AP, Исламска држава тренирала најмалку 400 свои борци за директни напади на клучни мети во европските земји. Обуката се одржувала во упориштата на Исламска држава во Сирија и Ирак, а постојат индикации дека кампови за обука се наоѓаат и во земји на поранешниот Советски сојуз.

АР тврди дека напаѓачите на Париз влегле во Европа во група од 90 такви тренирани борци, а можно е истата приказна да е и со напаѓачите во Брисел имајќи во предвид дека има поврзаност помеѓу двете групи.

Мрежата на напаѓачи која е распрскана ширум Европа добила јасни упатства како, каде и кога да се изведат напади за да се предизвика повеќе штета.

“Кога би знаеле колкумина се наоѓаат овде, сето ова не би се случило”, рекла француската сенаторка Nathalie Goulet, членка на групата која го следи движењето на џихадистите.