Спрема пишувањата на медиумите, француската полиција уапсила уште 4 лица за кои се верува дека учествувале во терористичкиот акт во Ница и во кои загинаа 84 луѓе. Едниот од осомничените е уапсен во петокот, додека утрово се уапсени уште три лица, јавува AFP.
Француските власти и понатаму се обидуваат да разоткријат дали 31-годишниот возач на камионот, Тунижанецот, делувал во соработка со некои помагачи и дали тие мотиви се поврзани со радикалниот исламизам.
Меѓу уапсените има припадници на неговото блиско опкружување, наведуваат полициски извори и уапсени се на две различни подрачја на Ница. Како што јави Reuters околу 40 припадници на елитната единица го запоседнале станот на улицата Rue Miollis, северно од главната станица, во кој се наоѓал еден од уапсените.
Нападот во Ница се случи во четвртокот навечер на Денот на Бастиља кога камион се втурна во толпа луѓе на градското шеталиште каде се собираа по повод денот и чекаа огномет. По последните информации, при 84 жртви, меѓу кои има странци, уште 50 ранети се борат за живот по нападот.
Терористичката организација Исламска држава ја превзеде одговорноста за нападот во Ница. “Лицето што ја изведе операцијата во Ница е еден од војниците на ИД”, објави новинската агенција Amaq, која ја поддржува Исламска држава. “Тој ја изведе операцијата како одговор на повиците за мета да се земат државјани на земји кои учествуваат во коалицијата која се бори против Исламска држава”, се додава во соопштнието.