Skip to main content

Исламска држава употребувала и хемиско оружје

Џихадистичката Исламска држава “може да произведува хемиско оружје”

 |  инфодеск  | 

“Одреден број пати групата Исламска држава употребувла хемиско оружје на воените подрачја и може да произведе мали количини на иперит”, изјавил директорот на централната разузнувачка служба на САД, John Brennan во интервју за каналот CBS.

Тој додал дека “CIA верува дека Исламската држава има капацитет и да произведе мали количини на  иперит”.

На прашањето дали тие можат да извезуваат хемиски супстанци за користење вон Ирак или Сирија, Brennan одговорил дека тоа е можно.

“Затоа е важно да се пресечат патиштата за достава со кои се служат џихадистите”, рекол тој.

Во вторникот координаторот на американската разузнувачка служба, James Clapper рекол дека Исламската држава “употребила хемиски супстанци во Ирак и Сирија”  вклучувајќи го и гасот иперит.