Џихадистите на ISIL почнале да делуваат за прв пат за време на бунтот против сиријскиот претседател Башар ал Асад, и во почетокот на 2014 година завзеле огромни територии во Ирак и сега се закануваат дека ќе ја надминат Ал Каеда, која е доминантен глас во глобалното екстремистичко движење, пишува Independent.
Тие контролираат територија чија површина е споредбено колку Велика Британија и заработуваат околу 800.000 евра дневно продавајќи нафта и заложници. Нивната воена сила брои околу 10.000 милитанти. Сето ова е резултат на слабостите на владите во Ирак и Сирија, истакнува американски експерт.
“Исламската држава е опасна организација која делува во хаотичен дел на светот”, нагласил Matthew Olsen, висок американски функционер за антитероризам. IS денес себеси се гледа како предводник на глобалното џихадистичко движење, додава Olsen. Тој додава дека, и без оглед колку и да се опасни како организација, сепак не се непобедливи. “Со широка коалиција на меѓународните партнери, иамаме механизми за победа, базирани на одлучен и јасен пристап на сите влади”, заклучил Olsen.
На оваа изјава во прилог оди и координираната акција на ирачките и курдските сили на копно и американската поддршка од воздух. Тоа ги запре налетите на џихадистите и им овозможи на курдските и ирачките сили да започнат контра офанзива.
Olsen на крајот истакнал дека IS сепак претставува само една закана на Западот но и дека има многу други милитантни сили кои претставуваат закана.
{loadposition content9}