Matthew Kulesza (28) одлучил да спроведе проект во кој ќе испие кафе со сите пријатели од Facebook, а ги има повеќе од 1.000. За тој проект ќе му биде потребно повеќе од три години.
Ако го погледнеме нашиот попис на пријатели, право прашање е дали со секој од нив би испиле заедничко кафе. Секој има свои причини зошто некого прифатил на својата листа, но вистината е дека многу е тешко да се одржуваат тие односи и во реалноста.
Но, Matthew Kulesza, студент од Мелбурн одлучил дека ќе испие кафе со секој од нив, или поточно 1088 пријатели од неговата листа.
Знае дека не му се сите тие луѓе пријатели во стварноста, но на Tumblr напишал дека ова е и вежба со која можеме да се потсетиме на социјализацијата и запознавањето вон Facebook.
Моментално стигнал до кафето број 27 со Clinton James Sigmund, кој го познавал од 2007 година. Кафињата овозможил да се следат на неговата Facebook страница, каде опишува кога и на кој начин се запознал со некои од пријателите.
Благодарение на овој проект, Matthew Kulesza добил и понуда за работа од еден Facebook пријател, пишува австралиски News.
{loadposition content9}