Источна Европа ќе остане без електрична енергија?
Светската банка објави дека е под знак прашање снабдувањето на Источна Европа и средна Азија со примарна топлинска и електрична енергија.
Светската банка објави дека е под знак прашање снабдувањето на Источна Европа и средна Азија со примарна топлинска и електрична енергија.
Во најновиот извештај се споменува дека целиот регион може да се најде во енергетски колапс, ако во овој сектор не се вложи повеќе од 3.000 милијарди долари во наредните 20 години.
Според директорот на Светската банка за одржлив развој, Питер Томсон, се очекува побарувачката за енергија во двата региони да се зголеми за 50 отсто до 2030 година.
Финансиската криза ја успори побарувачката за енергија и направи простор што им овозможува на земјите да преземат мерки за ублажување на влијанието на предвидената енергетска криза.
Но, тоа ќе трае само пет до шест години.
Ако не се промени однесувањето извозничкиот регион ќе се претвори во увознички, сметаат од Светската банка.
{loadposition content9}