Skip to main content

Историска посета на Папата Бенедикт на Светата земја

Папата ќе побара контрола врз повеќе христијански светилишта за време на неговата посета на Светата земја.

 |  Крсте Голабовски  | 
Papa
Папа
Папата ќе побара контрола врз повеќе христијански светилишта за време на неговата посета на Светата земја.
Во Израел со нетрпение ја очекуваат историската посета на папата Бенедикт шестнаесети на Светата земја, која ќе почне идната недела.
Но, спорот за контролата врз редица христијански светилишта може да го помрачи празникот, проценувата агенциите.
PapaПретставници на Светата столица јасно им соопштија на израелските власти дека планираат да го повторат барањето за враќање во владение на главните христијански светилишта на територијата на Израел.
Станува збор за предавање под владение на Ватикан на Трпезаријата, во која според Библијата се оддржала Тајната вечера во планината Цион крај Ерусалим, црквите во Назарет и во планината Нахум до Галилејското море, соопшти израелското воено радио Галеј Цахал.
Претседателот Шимон Перес ја поддржа молбата на Ватикан и се обидува да изврши притисок за ова прашање врз министерот за внатрешни работи Ели Ишај, кој не се согласува со барањето на Католичката црква.
Во секој случај, конечната одлука најверојатно ќе ја донесе премиерот Бенјамин Натанјаху.

 

{loadposition content9}