Автомобилите без возач сѐ побрзо и поинтензивно влегуваат на патеките тестирајќи го она што на многумина беше потполно незамисливо, ѕверката на Ауди ја допре новата горна граница која го одзема здивот.
Спој на врвната технологија и страст спрема брзините овозможуваат автомобилот без возач да оборува рекорди. Имено, на познатата патека во Хокенхајм за време на финалната фаза од DTM сезоната, инженерите на Ауди го претставија најбрзиот автомобил, без возач, во овој момент. Станува збор за екстремно моќен и брз автомобил од неверојатни 560 КЅ, а тоа е Ауди RS7 кој дефинитивно влегува во историјата.
Ако ве интересира до која бројка стигна стрелката на брзиномерот за време на овој тест, тоа е 239,79 км на час. Со комбинација на најмодерен GPS систем и 3D камери, Ауди RS7 извози перфектен круг, а потоа во Ауди констатирале дека нивниот RS7 е и официјално најбрзиот автомобил, без возач, на светот. Секако, Ауди не е единствен кој работи на концептот автономен автомобил, но тестирање при вакви брзини е нешто сосема поинаку и секако вредно да се забележи за историјата.
{loadposition content9}