Со истрагата за смртта на Претседателот на Полска ќе раководи лично Путин
Рускиот претседател Дмитри Медведев формираше комисија на чело со Премиерот Владимир Путин која ќе ги истражува причините за авионската несреќа во која загина Претседателот на Полска Лех Качински, пишуваат руските медиуми.
| Маја Савиќ | Свет
авионска несреќа
Рускиот претседател Дмитри Медведев формираше комисија на чело со Премиерот Владимир Путин која ќе ги истражува причините за авионската несреќа во која загина Претседателот на Полска Лех Качински, пишуваат руските медиуми.
Рускиот Министер за итни случаи Сергеј Шоигу веднаш замина на местото на несреќата.
Полска најави дека ќе спроведе сопствена истрага за несреќата независно од Русија, изјави државниот обвинител на Полска.
Кабинетот на министри на Полска одржува итна сединца во Варшава.
Руските официјални власти потврдија дека претседателот на Полска Лех Качински и неговата сопруга Мариа загинаа во авионската несреќа што се случи во 11 часот по локално време.
Во несреќата загинаа сите 132 патници и членови на екипажот.
Градоначалникот на Смоленск потврди дека авионот од типот Тупољев ТУ 154 М, што се урна во близина на аеродромот нема преживеани.
Според првичните информации, до несреќата дошло откако авионот закачил во врвовите на дрвата покрај пистата по што удрил во земја и се распаднал.
Во авионот заедно со Претседателот патувале и заменик-министерот за надворешни на Полска, претседателот на народната банка и началникот на армијата.
Претседателот Качински патувал во Смоленск за да учествува на одбележувањето на 70-годишнината од масакрот во Катин, кога Советитските трупи убија илјадници Пољаци.
{loadposition content9}