Skip to main content

Изборите за Европскиот парламент продолжуваат денеска во шест земји

Четиридневните избори за нов состав на Европскиот парламент денеска продолжуваат во Ирска и Чешка, каде се гласаше и вчера, како и во Летонија, Кипар, Малта и Словачка.

 |  Крсте Голабовски  | 
devojka
девојка
Четиридневните избори за нов состав на Европскиот парламент денеска продолжуваат во Ирска и Чешка, каде се гласаше и вчера, како и во Летонија, Кипар, Малта и Словачка.

На првиот ден од изборите, во четвртокот, на избирачките места излегоа граѓаните на Велика Британија и Холандија.
Повеќе од 375 милиони граѓани со право на глас во сите 27 земји членки на Унијата, заклучно со утре ќе го избираат новиот состав на ЕП, кој брои вкупно 736 пратеници.

logoПретседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо упати преку медиумите повик до Европејците да излезат на гласање. Статистиката покажува намалување на интересот кон изборите за Европарламент, откако избирачката активност на првите вакви избори во 1979 година била 63 процента, а на последните кои се одржаа во 2004 година изнесувала 45,7 отсто. Како една од можните причини за слабиот интерес кај граѓаните, аналитичарите ја наведуваат неинформираноста.
Во останатите држави изборите ќе бидат организирани утре. В недела пратеници за Европарламентот ќе избираат Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Изборите за ЕП ќе бидат спроведени со тајно гласање, на избирачките места можат да излезат само граѓани постари од 18 години, а резултатите ќе бидат објавени откако ќе заврши гласањето во сите земји членки на ЕУ.
Пратениците се избираат со мандат од пет години, а на секоја земја и е доделен одреден број пратеници врз основа на бројот на населението.
Германија која има најголем број жители има и најголем број пратеници – 99, потоа следуваат Велика Британија, Франција и Италија со 72, додека Малта има најмал број пратеници – само пет.

Европскиот парламент заседава во Брисел и Стразбур. Основан е во 1952 година и е единствена европска институција чии членови се избираат непосредно од 1979 година. До 1979 години пратениците во ЕП биле именувани од националните влади. Парламентот има три главни улоги: усвојување на европски закони, супервизија на други институции на ЕУ и улогата во одредување на буџетот на Унијата, која ја дели со Советот на ЕУ.

{loadposition content9}