Skip to main content

Вчерашната изјава на претседателот на Русија е загрижувачка

Западот ја обвинува Русија за праќањето војници и вооружување на сепаратистите

 |  инфодеск  | 

Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера на еден собир на млади луѓе, одржан на брегот на езеро надалеку од Москва, потсетил дека Русија има нуклеарно оружје и би било подобро да не се подигруваат со Русија.

Тој им порачал на младите дека неодамнешната анексија на Крим била клучна за да се спаси тамошното население кое зборува руски јазик од насилието на украинската влада. Додал дека борбите на истокот на Украина се резултат на украинското противење за преговори, јавува Reuters.

Западот ја обвинува Русија за праќањето војници и вооружување на сепаратистите за продолжување на борбите кои досега однесоа повеќе од 2000 животи. Путин, секако тоа го негира. “Русија е далеку од било какви конфликти од поголеми размери. Ние тоа не го сакаме и не го планираме. Но, секако дека секогаш мораме да сме спремни да одвратиме било каков обид за агресија упатен спрема Русија”, рекол Путин.

Рускиот претседател упатил јасна порака на своите противници…”би требало да разберат дека со нас не треба да се шегуваат. Фала му на бога, мислам дека никој не размислува за поголем конфликт со Русија. Ве потсетувам дека ние сме една од водечките нуклеарни сили”, утврдил Путин.

Тој не пропушти прилика уште еднаш да упати обвинение кон САД и ЕУ за противуставното рушење на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој го заменија со проевропска влада.

{loadposition content9}