Skip to main content

Изнајмување разговор, пиење, дружење

Нова услужна дејност 

 |  инфодеск  | 

Нова услуга се појави во Ст.Петерсбург – се изнајмуваат лица за слушање, разговор и чашка.

Сопственикот на сервисот, Андреј Белов, кој некое време живеел во Москва, вели дека идејата му дошла за време на осамените вечери кои ги поминувал во главниот град на Русија.

“Размислував тогаш, колку би било добро да им се овозможи на луѓето да повикаат пријатна и разумна личност, со која пред се би било убаво да се разговара”, рекол Белов за PiterTV. Белов истакнува дека во прв план е разговор, а не пиење, но и дека неговите вработени нема да одбијат и пијалок, ако им се понуди.

Според неговите зборови, по стартувањето на сервисот следеле повикувања на заинтересираните самотници, но сеуште многумина се плашат да повикаат странец  дома. Тој исто така вели дека повеќе повици има од жени отколку од мажи.

Белов сепак не е прв кој стартувал ваков сервис за дружење. Слична услуга веќе постои во Дњипропетровск во Украина каде бизнисот оди добро, за што е заслужна повторно женската страна.

Во агенцијата на Белов, покрј него вработени се уште тројца – двајца со актерско и еден со музичко образование. Белов не ангажирал психолози бидејќи смета дека размислувањата им се премногу замрачени со нивната професија.

{loadposition content9}