Skip to main content

Изненадуваат со новите модели

Се појавија слики на интернет пред официјалното претставување

 |  инфодеск  | 

На интернет се појавија фотографии на новата Lada Vesta  како и Xray2 концептот, пред моделите официјално да бидат претставени на московскиот авто салон.

Очигледно му се исплатеше на Renault  да влезе во бизнис со рускиот AutoVaz, барем во областа на дизајнот, со оглед дека на пазарот наскоро излегуваат два нови модели на Lada, засега концептната лимузина Vesta и XRay2 crossover концептот.

AutoVaz вели дека овие два модела како основа имаат потполно нова платформа која ја нарекуваат “LadaB”, а истата е развиена во соработка со Reanult-Nissan. Тоа во основа значи дека новите модели се темелат на Reanult-Nissan В архитектурата која се користи за бројни модели како Nissan Juke, Dacia Logan и Renault Megan.

Што се однесува до Crossover, се реаботи за XRay концептот од втора генерација а наводно се темели на Dacia Sandero. Во продажните салони би можел да стигне на почетокот на 2016 година, а ќе се нуди по цена од околу 12.000 евра. Во стандардна верзија ќе се нуди со преден погон, додека моделот со погон на сите четири тркала ќе биде превземен од Dacia Duster и ќе биде достапен нешто подоцна.

Можеби е поинтересно враќањето на Lada Vesta во потполно ново руво. Со 4,35 метри должина и 2,65 метри меѓуосовинско растојание, некои од клучните компоненти ќе бидат позајмени од Renault Megan, а почетната цена на автомобилот ќе изнесува околу 8.000 евра.

Извршниот директор на AutoVaz, Bo Anderson, коментирал дека Vesta под капакот има потполно нов агрегат во склад со Euro 6 нормите со излезна снага од 90 до 115 КЅ.

Дизајнот на концептот го надгледувал, Британецот Steve Mattin, кој претходно работел за Marcedes а подоцна за Volvo. Mattin  се придодаде на тимот на Lada како нов шеф за дизајн во 2011 година, а првиот примерок на новиот дизајнерски смер го претставил со XRay концептот со три врати во 2012 година.

Lada навистина се враќа на голема врата. Двата патнички модели навистина се прилично интересни  по така поволни цени, и се надеваме со одреден степен на квалитет. Lada Vesta и XRay би можеле да бидат многу интересен додаток во целокупната понуда на автомобили.

{loadposition content9}