Израел три часа дневно нема да напаѓа цел врз Појасот Газа
Израелската армија соопшти дека од денеска по три часа дневно нападите врз Појасот Газа.
Нападите ќе бидат прекинати од 13 до 16 часот по локално време со цел да се формира коридор по кој ќе се доставува неопходната помош за населението.

Израелскиот премеир Ехуд Олмерт најави дека ќе се отворат хуманитарни коридори во Појасот Газа. Тел Авив тврди дека дозволил доволно количество на хуманитарна помош за Појасот Газа, додека Обединетите нации тврдат дека Израел не дозволил доставување на хуманитарна помош.
Претходно, беше објавено дека израелските пешадиски и тенковски единици се повлекоа од градот Хан Јунис, каде што вчера навлегоа. Израелската армија се уште не ја има потврдено информацијата за повлекувањето од Хан Јунис.
{loadposition content9}