Средоземно море
Јахта потона во близина на Италија
Трагедијата се случила на 15 километри од марината Катанзаро во Калабрија, а причините за несреќата се истражуваат, јавува Би-Би-Си.
Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Овој немил настан се случил во Италија на околу 15 километри од градот Катанзаро.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа моментот кога јахтата потонува во морето.
На јахтата имало девет лица, пет членови на екипажот и четворица патници. Овој брод патувал од Галиполи до Милаца кога потонал.
За среќа, италијанската крајбрежна стража ги спаси сите девет лица.
Засега не е позната причината за потонувањето.


