Skip to main content

Јапонска приватна компанија планира да слета на Месечината до 2030та

Јапонците не успеаја да слетаат на Месечината

Мало, приватно финансирано јапонско вселенско летало се обиде да слета на Месечината во вторникот, но контролорите на летот во Токио изгубија контакт со леталото.
 |  инфодеск  | 
i space летало

Јапонската компанија „I space“ изгуби контакт со своето вселенско летало непосредно пред да слета на Месечината и рече дека мисијата изгледа дека не успеала.

Комуникацијата со леталото беше прекината синоќа кога се спушташе во последните 10 метри со околу 25 километри на час. Контролорите на летот немо гледаа во нивните екрани во Токио како што поминуваа минутите без вести од леталото. Претпоставката е дека се урнал.

“Мораме да претпоставиме дека не можевме да го завршиме слетувањето на Месечината”, рече Такеши Хакамада, основач и извршен директор на i-space.

i space летало

Доколку леталото слеташе, таа компанија ќе беше првата приватна компанија која успешно испратла вселенско летало на Месечината.

Само три влади успешно ги испратија своите вселенски летала на Месечината – поранешниот Советски Сојуз, САД и Кина. Израелска непрофитна компанија се обиде да слета на Месечината во 2019 година, но нејзиното летало беше уништено при слетувањето.