Skip to main content

Јапонија ќе ги намали уплатите во буџетот на ОН

Владата на Јапонија се подготвува значително да го скрати своето учество во финансирањето на ОН, но и покрај тоа Јапонија ќе остане втората држава, по САД, според уделот во буџетот на светската организација.

 |  Крсте Голабовски  | 
zname
знаме

Владата на Јапонија се подготвува значително да го скрати своето учество во финансирањето на ОН, но и покрај тоа Јапонија ќе остане втората држава, по САД, според уделот во буџетот на светската организација.

UNДосега делот на Токио во буџетот на ОН беше 16,6 отсто, а Владата планира да го намали до 12 отсто, пишуваат денеска јапонските весници.
ОН на секои три години ги преразгледуваат уплатите на земјите членки во буџетот. Сега се водат преговори за периодот 2010-2012 година. Се очекува САД да останат со најголем удел – 22 проценти од финансирањето на ОН.
Заради светската финансиска криза уплатите на редица други водечки индустриски држави, како Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија ќе бидат скратени.
Се повикува и на поголеми финансиски напори од страна на брзо развивачките економии, а пред сите -Кина, чиј удел сега изнесува помалку од 2,7 отсто од буџетот на ОН. Делот на Русија е 1,2 отсто.






{loadposition content9}