Јапонскиот премиер Shinzo Abe изјави дека очигледното убиство на еден од јапонските заложници кои беа заробени од милитантите на Исламската држава е срамотно и неподносливо, и повторно ги повика на ослободување на јапонскиот новинар кој сеуште го држат во заложништво.
Abe исто така рекол дека Јапонија нема да му попушти на тероризмот.
Ова го изјавил за телевизијата NHK по објавувањето на видеото од убиството на Јапонецот Haruna Yukawa.Воедно се појави и аудио снимка каде другиот заробеник, новинарот Kenji Goto, зборува дека неговиот живот би можел да биде спасен во замена за ослободување на една жена со име Sajida al-Rishawi која е заробена од јорданските власти.
{loadposition content9}