“Јас, Курманбек Бакиев не ја признавам мојата оставка“
Прво побегна од главниот град сред крвавите протести и објави дека никогаш нема да се предаде, потоа си даде писмена оставка и избега во Казахстан, за на крајот повторно да се спакува и да замине за Белорусија, од каде сега порачува: “Оставката не важи, ќе бидам претседател на Киргистан сè додека не умрам”.
| Маја Савиќ | Свет
Бакиев

Привремената Влада на чело со Роза Отунбаева бара на протераниот претседател да му се суди за насилните немири во кои загинаа повеќе од 80 луѓе. Пред неколку денови, од таму објавија дека Бакиев им доставил писмо со своја оставка, но тој сега го отфрла тоа тврдење.
“Јас, Курманбек Бакиев сум легално избран претседател на Киргистан и прифатен од меѓународната заедница. Не ја признавам мојата оставка. Пред девет месеци, киргистанскиот народ ме избра за претседател и нема сила која ќе ме сопре. Само смртта може да го стори тоа”, изјавил пред репортерите во Минск.
Тој побара од меѓународните лидери да не ја признаат администрацијата на Отунбаева, нарекувајќи ја “нелегитимна банда”. Коментирајќи ги обвиненијата на опозицијата, Бакиев рекол дека е подготвен да се соочи со одговорностите, но останува нејасно дали тоа значи дека би се вратил за евентуално судење.
Новите лидери се обидуваат да го вратат мирот во Киргистан, но од таму сè уште пристигнуваат извештаи за спорадични немири. Отунбаева вети дека ќе одржи избори кон крајот на септември или почетокот на октомври.
{loadposition content9}