Јорданскиот крал Abdullah, кој е пилот, би можел лично да учествува во воздушните напади на Исламската држава.
Монархот најави напади на позициите на Исламската држава откако беше егзекутиран јорданскиот пилот Moaz al-Kassasbeh, а поедини арапски медиуми тврдат дека кралот лично ќе учествува во бомбардирањето.
Најавата доаѓа неколку дена од посетата на САД, каде на одредени членови на сенатот им соопштил дека ISIS може да очекува жестока освета.
“Кралот рече дека ќе направи нешто што ISIS не го видел досега. Се гледа дека е лут. Ми рече дека единствен проблем ќе биде тоа што можеби ќе нема доволно гориво или муниција”, рекол претставникот на Републиканската партија Duncan Hunter.
Кралот Abdullah се сретна со Barack Obama и други функционери на САД набрзо по објавувањето на видето со егзекуцијата на јорданскиот пилот.
{loadposition content9}