Потпретседателка на црногорската влада

Јована Маровиќ поднесе оставка

Јована Маровиќ, во писмото, како причина го наведе изгласувањето недоверба на владата на премиерот Дритан Абазовиќ.
 |  инфодеск  | 
Јована Маровиќ

Вицепремиерката, министерка за европски прашања и потпретседател на Граѓанското движење УРА, Јована Маровиќ поднесе оставка од тие три функции. Таа за својата одлука денеска ја информираше претседателката на Собранието Данијела Ѓуровиќ.

Во писмото таа како причина го наведе изгласувањето недоверба на владата на премиерот Дритан Абазовиќ. На 19 август во Собранието и беше одбиена довербата на Владата. Одлуката за оставка Маровиќ ја објави и на својот официјален Фејсбук профил.

Ги презедов позициите во владата и партијата со голем ентузијазам и желба да го доведам процесот на пристапни преговори до финална фаза, а земјата до членство во Европската Унија. Со оглед на тоа што политичките партии меѓусебно се повикуваат на неактивност преку медиумите, наместо да се договорат за клучните прашања и приоритети од важност за демократизација и интеграција, исполнувањето на оваа цел – напиша таа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top