Skip to main content

Еве каде се крие златото

Земји со најголеми резерви на злато

 |  инфодеск  | 

Земји со најголеми резерви на злато се САД, Германија, Италија, Франција и Кина, а најдобро рангирана земја од регионот е Грција.

Грција е на 33 место во светот и ја држи најдобрата позиција во регионот бидејќи располага со 112,2 тони злато.

Бугарија се наоѓа на 48 позиција со 40 тони злато, Србија на 62 место со 16,6 тони, додека Македонија го завзема 77 место со 6,8 тони златни резерви. Зад нас се Словенија на 90 место со 3,2 тони, Босна и Херцеговина на 93 место со 3 тони а Албанија е на 99 место со 1,6 тони златни резерви.

На листата од 100 земји рангирани спрема количините на овој племенит метал, кој ја објавил Светскиот совет за злато, не се наоѓаат Хрватска и Црна Гора.

{loadposition content9}