Skip to main content

Каде и да се селите и тие одат со вас

Потписот на било кој документ е единствен, но и овој потпис е единствен

 |  инфодеск  | 

Вашиот потпис на било кој документ е единствен, но дали знаевте дека и вашиот бактериски потпис е единствен, што значи дека насекаде со вас се движат и ситни состанари кои живеат на вашата кожа.

Атоми, видливи под микроскоп ви го прекриваат телото и се движат заедно со вас насекаде, покажало истражувањето чии резултати се објавени во стручното списание Science. Научниците тврдат дека секоја просторија на вашиот стан е преполна со бактерии единствени за вас и вашата фамилија, и секое место кое ќе го допрете, прозорец, прекинувач за светло, квака, шпорет… е прекриено со вашите лични бактерии.

Научниците изолирале седум различни бактерии од седум различни фамилии и ги проучувале  45 дена. Заклучиле дека, дури и кога фамилијата ќе замине од својот дом, бактерискиот потпис карактеристичен за таа фамилија стои таму уште 24 часа.

На оние кои се грижат поради бактерии во хотелски соби, научниците им порачуваат да не се оптеретуваат повеќе со тоа. Имено, тие заклучиле дека било која просторија во која се наоѓате ја запоседнуваат и вашите бактерии. 

{loadposition content9}