Skip to main content

Како им се навртевме на светските резерви вода, тешко си на човештвото

На светското земјоделство, растенија + добиток, отпаѓа 70% од светската потрошувачка на вода.

 |  Голабовски Крсте  | 
voda
вода

На светското земјоделство, растенија + добиток, отпаѓа 70% од светската потрошувачка на вода.

Со конкретни бројки, за производство на 1 јајце, се трошат 200 литри вода. Но тоа не е се. Погледнете само мал увид за тоа колку бесрамно ја трошиме водата.

1. Парче пица = 159 литри вода

68 литри за брашното, 79,5 литри вода за кашкавалот и речиси 11 литри за сосот. Овие бројки се светски просек и тие варираат од земја до земја. На пример за пица во Франција се троши половина од оваа вода, САД се на ниво на светскиот просек, а Кинезите се над просекот.

voda2. Дузина јајца = 2.400 литри вода

За да се произведе секое едно јајце во просек се потребни 200 литри вода. Кокошките се хранат со житарици за чие производство се потребни големи количества вода, како и вода за пиење и вода за наводнување.

3. 450 грама зелена салата = 113 литри вода

Генерално за производството на зеленчук е потребно многу помалку вода отколку за животинските производи.

4. Векна леб = 1.090 литри вода

Од 1996-та до 2005-та глобалното производство на пченица учествува со 15% од вкупната потрошувачка на вода на сите житни култури.

5. Чоколадо = 1.200 литри вода

Во извештајот се пресметува трошокот за 450 грама чоколадо, и тоа изнесува 12.000 литри вода. За обичен чоколаден бар (Марс, Сникерс…) потрошувачката е 1.200 литри.

{loadposition content9}