Каменување до смрт за авганистанските прељубници
Смртната казна со каменување за осудените прељубници ќе влезе во авганистанскиот законик, изјави функционер, пренесува Reuters, додека аналитичарите предупредуваат дека човековите права стекната по соборувањето на талибанскиот режи полека исчезнуваат со повлекувањето на странските сили од земјата.

„Подготвуваме нацрт на шеријатскиот кривичен закон во кој казната за прељуба, доколку постојат четири сведоци, е каменување”, рекол Рохула Каризада кој е член на комисијата за шеријатскиот исламски закон и претседател на авганистанската независна адвокатска комора.
Агенцијата Reuters пишува дека во последните дванаесет години војна во Авганистан се вложени милијардите долари во подобрувањето на заштитата на човековите орава во оваа земја, а донаторите на помошта сега стравуваат од губењето на стекнатите права, особено за жените.
Во периодот од 1996 до 2001 година додека талибаните беа на власт, осудените прељубници рутински ги стрелаа или каменуваа, а погубувањата главно беа организирани во петоците. Жените не смееја сами да излегуваат надвор од домот, а девојченцата не смееја да се образуваат.
„Апсолутно е шокантно дела дванаесет години по падот на талибаните, владата на Карзаи би можела да го врати каменувањето”, вели Брад Адамс, директор на меѓународната организација за заштита на човековите права Human Rights Watch за Азија.
{loadposition content9}