Во судир меѓу камион и воз во јужна Унгарија загинале пет лица, а над 10 се повредени, соопшти тамошната полиција.
Некои унгарски медиуми пишуваат дека бројот на жртви се искачил на седум. Во возот имало 22 патници, а од осум повредени, двајца се во критична состојба.
Несреќата се случила утрово пред 7:00 часот во областа Миндсент на железничкиот премин Дели. Камионот поминал преку пругата и покрај знакот за забрана, каде се судрил со возот кој во тој момент поминувал.
Од јачината на ударот возот излетал од шините. Полицијата ја затворила областа во целата ширина на патот, а сообраќајот е пренесочен на околните улици, пишува унгарски Индекс.
Како што се вели пак во соопштението на полицијата, камионот влетал во шините и возачот ги игнорирал црвените светла за да застане.