Зависноста на децата и тинејџерите од интернет и онлајн игрите се се пораширена појава во светот, а Кинезите тоа го решаваат така што зависниците ги праќаат во кампови за лечење од зависност од интернет. Во камповите тие се изложени на воена дисциплина со рано утрински будења и напорни вежби. Reuters пишува дека во Кина постојат 250 кампови за лечење на зависност од интернет, кое чини 1600 долари за шест месеци, а по вежбањето децата се образуваат со етика, готвење и чистење.
Шефот на центарот за заштита на менталното здравје во загрепската болница, психијатарот др. Ненад Јакшиќ истакнува дека зависноста од интернетот се третира како психичко пореметување ако детето или тинејџерот покажуваат зависност така што се занемаруваат училишните обврски, а кога ќе сакате да го прекинете детето во игрите или да го тргнете од интернет, реагира бурно или депресивно.
– Тие деца можат да имаат и пореметување во спиењето. Основците се обично зависни од игри, а средношколците од интернет и Фејсбук, вели Јакшиќ.
{loadposition content9}