Skip to main content

Природни непогоди

Катаклизма во Авганистан, стотици мртви

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер погоди делови од Авганистан во раните утрински часови, загинале најмалку 255 луѓе.
 |  Голабовски Крсте  | 
Афганистан Земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала кој погоди делови од Авганистан во раните утрински часови на 22 јуни загинале најмалку 255 луѓе, соопштија авганистанските власти.

Американскиот геолошки институт јави дека земјотресот бил на околу 46 километри југозападно од градот Хост во југоисточен Авганистан и бил на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствуван во област населена со околу 119 милиони луѓе во Пакистан, Авганистан и Индија, објави Европскиот сеизмолошки центар. Според извештаите на сведоците на Твитер, тој бил почувствуван во главниот град на Авганистан, Кабул, како и во главниот град на Пакистан, Исламабад.

Афганистан Земјотрес

Германскиот истражувачки центар за геонауки соопшти дека неговата магнитуда била 6,0 степени. Европскиот сеизмолошки центар, исто така, соопшти дека земјотрес со сила од 6,5 степени според Рихтеровата скала во исто време го погодил јужен Иран. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил на 50 километри југоисточно од Мор и бил со сила од 5,3 степени.