На каталонското необврзувачко изјаснување за независност повеќе од 80% од излезените гласале за отцепување на Каталонија од Шпанија, покажаа првите прелиминарни резултати објавени утрово.
Право на глас во Каталонија имаа околу 5,5 милиони луѓе, а можea да се изјаснат на 1300 избирачки места, пренесува RTRS.
Официјален Мадрид изјаснувањето го нарече безвредно, а агенциите наведуваат дека сеуште не е познато кое ќе биде значењето на изјаснувањето, но потсетуваат на неодамнешната одлука на Уставниот суд кој нареди одложување на референдумот, за кој владата во Мадрид тврди дека само таа може да свика референдум.
Каталонскиот лидер, Артуто Мас, како што пишуваат шпанските медиуми, може да се најде на удар на судските власти поради граѓанска непослушност, бидејќи каталонскиот главен обвинител на барање на властите покренал истрага за тоа дали користењето на училиштата и јавните установи, со цел одржување на изјаснувањето, претставува кршење на одлуката на Уставниот суд.
Мас ги игнорираше овие предупредувања, па ги повика Каталонците да излезат во што поголем број. Барањето за сувереност на Каталонија во последните пет години е сѐ посилно, а шпанскиот премиер Мариано Рахој нагласува дека изјаснувањето нема да има никаков ефект.
{loadposition content9}