Најмалку 51 лице загина во вчерашните поплави што го зафатија југоисточниот дел на Шпанија. Државната метеоролошка агенција издаде црвен аларм за обилни дождови во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија, бидејќи се очекува неповолното време да продолжи. Железничкиот сообраќај на релациите меѓу Валенсија и Мадрид, како и други приградски линии низ погодените региони е прекинат, откако воз со неколку вагони на релација Малага – Мадрид, во кои имало 291 патник, излетала од шините во јужниот регион Андалузија.
Според прогнозите, се очекува најпогодена да биде Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа.
Обилните дождови се предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија. Феноменот познат како „ладна капка“, настанува кога ладниот воздух кој минува преку топлите води на Средоземното Море при поголема атмосферска нестабилност, предизвикува кревање на топол, заситен, воздух и создавање на кумулонимбус облаци што, пак, носат обилни дождови.