Киднапирал авион, за да добие азил
На аеродромот во Женева утрово принудно слета етиопски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот. Киднаперот – копилотот на авионот бара азил во Швајцарија.
На аеродромот во Женева утрово принудно слета етиопски авион со повеќе од 200 патници и членови на екипажот. Киднаперот – копилотот на авионот бара азил во Швајцарија.
Киднапирањето на патнички авион од Етиопија мина без поголеми последици. По безбедното слетување повеќе од 200 патници и членови на екипажот без никакви повреди го напуштија авионот.
Според информации на швајцарсакта полиција копилотот своеволно ја презел командата врз авионот, кога капетанот бил во тоалет. Копилотот потоа издејствувал принудно слетување во Женева. Потоа тој се спуштил со сајла од кокпитот и ѝ се предал на полицијата. Тој барал азил во Швајцарија или најмалку гаранција дека нема да биде испорачан на Етиопија. Тој чувствувал закана во својата татковина, се изјаснил копилотот.
Авионот кој полета од главниот град на Етипопија Адис Абеба требаше да слета во Рим.
{loadposition content9}