Skip to main content

први снимки од шпионскиот сателит

Ким Џонг Ун ги шпионира Белата куќа и Пентагон

Снимките се направени од првиот шпионски сателит што Северна Кореја успешно го лансираше во орбитата минатата недела.
 |  инфодеск  | 

Севернокорејските медиуми денеска објавија дека Ким Џонг Ун, врховниот лидер на земјата, прегледал фотографии од Белата куќа, Пентагон и американските носачи на авиони во поморската база Норфолк. Снимките се направени од првиот шпионски сателит што Северна Кореја успешно го лансираше во орбитата минатата недела.

Ројтерс наведува дека целта на тој сателит е да ги следи движењата на воените сили на САД и Јужна Кореја. Се наведува дека по лансирањето, севернокорејските државни медиуми објавија дека сателитот фотографирал градови и воени бази во Јужна Кореја, Гуам и Италија, како и во главниот град на САД, Вашингтон.

Пјонгјанг досега не објави ниту една од тие снимки, оставајќи ги аналитичарите и странските влади да дебатираат за вистинските способности на сателитот.

Северна Кореја лансираше шпионски сателит по два неуспешни обиди. Јужнокорејската разузнавачка служба објави дека „по самитот“ меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во септември, Северна Кореја и доставила на Москва план и податоци за првото и второто лансирање на сателити. Русија ги анализираше податоците и пренесе повратни информации до Северна Кореја.