Во Кина отворен првиот транспортен тунел под реката Јангце
Во Кина беше отворен за движење на автомобили првиот транспортен тунел под реката Јангце – најдолгата река во евроазискиот регион.
| Крсте Голабовски | Свет
тунел
Во Кина беше отворен за движење на автомобили првиот транспортен тунел под реката Јангце – најдолгата река во евроазискиот регион.
Тунелот со должина од 3,63 километри е изграден во градот Ухан, во централната провинција Хабеи и го поврзува деловниот кварт Ханкоу со реонот Учан, каде што се наоѓаат административните згради и големите високи образовни центри во градот.
Патот има четири коловозни ленти и секој ден во двете насоки преку него можат да преминуваат до 50.000 автомобили со брзина од 50 километри на час.
Тунелот е проектиран да може да издржи поплави и земјотрес до шест степени по Рихтер.
Реализацијата на проектот започна во 2004 година и чини околу 300 милиони долари.

{loadposition content9}