Skip to main content

Деца заразени со салмонела

Киндер јајцата повлечени од продажба

„Фереро“, интернационалниот произведувач на слатки, повлекол некои серии на „Киндер изненадување“ чоколадните јајца во Велика Британија поради случаи на инфекција со салмонела кои следеле по консумирање на овој производ, соопштила Агенцијата за безбедност на храна (FSA).
 |  инфодеск  | 
Киндер јајца

Најмалку 63 луѓе во Велика Британија, главно мали деца, се заразиле со салмонела во епидемија поврзана со јајцата „Киндер изненадување“.

Чоколадната компанија Фереро повлекува некои серии од јајцата како мерка на претпазливост додека продолжуваат истрагите за поврзаноста, соопшти Агенцијата за стандарди за храна (FSA).

Киндер јајца

Повеќето случаи се регистрирани во Европа, вклучувајќи ги Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија. Јајцата се произведени во Белгија.

Во Британија не се пријавени смртни случаи, но повеќето случаи вклучуваат деца на возраст од пет години и помали.

Во предупредувањето, ФСА наведе дека повлекувањето се должи на „потенцијална поврзаност со појава на салмонела“.

Производите кои се засегнати се јајцата од 20 грама или пакувањата со три јајца, сите со датум на истекување меѓу 11 јули 2022 и 7 октомври 2022 година.

Фереро ги повлече производите и на луѓето им се советува да не ги јадат.