Една од причините за развивање на свој оперативен систем за компјутерите и мобилните телефони е американскиот надзор и прислушкување кое минатата година го разоткри Edward Snowden.
Овие информации првично ги објави кинеската агенција Xinhua, а ја пренесоа на CNN и се наведува дека овој оперативен систем директно ќе конкурира на двата големи гиганти OS на Microsoft и Android на Gooogle, а ќе биде достапен само на кинеските корисници.
Првата верзија на кинескиот оперативен систем ќе биде готова за неколку месеци, а на корисниците ќе им биде понудена во октомври,додека верзијата за мобилни телефони ќе биде достапна за неколку години.
На развојот на овој проект работат бројни кинески девелопери под водство на Guangnan Ni, еден од основачите на Lenovo од 1984 година, кој и денес е една од најважните личности во IT индустријата во Кина. Ni во разговор за агенцијата Xinhua рекол дека кинеските девелопери до сега своите верзии за мобилните оперативни системи ги базирале на Android, а кинеската влада во иднина ќе им помогне нивниот софтвер да биде базиран на новиот кинески OS.
Всушност, кога Microsoft во април ја прекина поддршката за windows xp, скоро три четвртини од кинеските компјутери останаа незаштитени, а потоа Кинезите забранија користење на последната верзија на windows (windows 8) на компјутерите на членовите на владата.
Освен шпијунирањето, Кинезите имаат уште една причина за развој на свој OS, а тоа е монополот на Microsoft на овој пазар.
{loadposition content9}